Приведени тројца велешани, кај нив пронајдена марихуана
Објавено: 10 октомври, 2022, во 12:10 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишеле од слобода дваесет годишниот Д.Р, една година постариот А.А и дваесет и три годишниот М.Ѓ од Велес. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева


