Пронајден починат маж во возило излетано во Црна Река во Росоман
Објавено на 17 декември, 2024 во 11:41
Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вчера утро, во 07:15 часот било пријавено дека во речното корито на Црна Река, во Росоман, било пронајдено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, а на возачкото седиште бил пронајден починат С.К.(63) од Скопје. Од страна на екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци возилото било извлечено, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
-Увид извршил јавен обвинител од Кавадарци во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева