Пронајдена дрога кај велешанец
Објавено на 10 јули, 2023 во 11:54
Министерство за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишеле од слобода дваесет и три годишниот Б.А.
-При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана, десет пакувања бела грутчеста материја, дигитална вага и поголем износ на пари, додадоа од МВР.
Велешанецот бил приведен и во текот на вчерашниот ден спроведен во ОЈО Велес, а потоа предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.
Дума.мк