Пронајдена избегана малолетничка, приведен маж за агресивно однесување кон полицајци и еден пожар во изминатото деноноќие
Полициски службеници, рано утрово, во 3:20 часот го привеле П.М.(21) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон нивни колеги додека извршувале службени задачи. Приведениот бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Вечес, исто така, информираше дека вчера, на 20 јуни, во попладневните часови, поточно во 16:30 часот, била пронајдена малолетничката Ѓ.Ш.(15) од Велес, за која пред неполни 15 часови нејзината мајка, Џ.Ш (34) во Полициската станица Велес пријави дека се оддалечила од семејниот дом.
Според полицискиот билтен во изминатите 24 часа пријавен е и еден пожар. Пожарот се случил на 20 јуни, во раните утрински часови, поточно во 04:10 часот, кога во ОВР Кавадарци било пријавено дека во село Марена, кавадаречко, настанал пожар во куќа сопственост на В.К. и Б.А. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци. Нема повредени лица. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Убавка Јаневска