Работник нападнал ученик во училишна спортска сала, таткото пријавил во полиција
Објавено на 13 декември, 2024 во 15:52
Во Полициската станица Велес, вчера вечер, во 23:00 часот родителот А.К.(37) од Велес пријавил дека во спортска сала, во општинско основно училиште во Велес, неговиот малолетен син бил физички нападнат од лице кое изведувало работи во салата.
-Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева