„Рамстор“ отвори маркет во центарот на Велес, во приземјето на поранешна стоковна куќа „НА МА“ – заинтересиран е и за втор!
Објавено: 18 јули, 2025, во 14:45 часот
Преполн со велешани, купувачи, беше денеска час пред пладне маркетот којшто го отвори тргоговскиот ланец „Рамстор“ во Велес. Тогаш се одржа симболично свеченото отворање од страна на сопствениците и менаџерите. Велешкиот е 29-ти маркет на овој трговски бренд во осмиот град во Македонија чие отворање се случува за време на одбележувањето на јубилејната 20-сетта година на “Рамстор“ .
„Маркетот во Велес го отвораме со најголем асортиман на квалитетни производи и добри промоции коишто секојдневно ќе се надополнуваат и се надевам дека Велешани ќе бидат задоволни од понудата. Во маркетот се понудени голем број на производи во сите секции со атрактивни цени како овошје и зеленчук, каде производите се постојано свежи, со атрактивни непрехрамбени производи кои што можат да се купат само во Рамстор и никаде на друго место, потоа храна во свежа и во замрзната форма, деликатесни и кондиторски производи, потоа пијалоци коишто се безалкохолни и алкохолни и секако козметика, санитарно хигиенски производи и слично. И сите се со конкурентни цени, за што ги поканувам Велешани да дојдат и да бидат наши купувачи,“ рече директорот за продажба Дарко Рулевски.

Запрашан за производите што „Рамстор“ им ги нуди на граѓаните во Велес, по кои се разликува од останатите маркети ,Рулевски, го посочи асортиманот на свежа риба во „Рибарница“ која е составен дел на маркетот потоа „Пекарница“ со бели пецива и леб како и повеќе производи на македонски и странски брендови.
Во велешкиот маркет на „Рамстор“ има 6.000 видови на производи изложени на простор од 540 м2. Засега при пазарењето Велешани ќе бидат задолжени да ги услужуваат вкупно 14 вработени.
„Се надеваме дека во иднина во Велес ќе можеме да отвориме уште маркети затоа што верувам дека Велешани ќе бидат задоволни од Рамстор и ќе ни ја пружат целата нивна доверба. Бидејќи оваа година е јубилејна, во која прославуваме 20 годишен јубилеј на купувачите ќе им понудиме многу наградни игри што засега ќе ги најавам само како изненадување,“ додаде Рулевски.

Тој на Велешани им ја понуди “Клуб картичката“ на „Рамстор“ која нуди голем број на поволности преку купување на производи и собирање на поени.
На почетокот од својата работа, маркетот на „Рамстор“ во Велес, ќе работи од понеделник до сабота, од 08:00 до 22:00 часот. Менаџерскиот тим најавува обезбедување на дозвола со која ќе овозможи Велешани да пазаруваат и во недела.
Убавка Јаневска


