Разбојници ограбуваат жени и на црква „Св. Пантелејмон“
На гробиштата во црква „Свети Пантелејмон“ во неделата, на 30 април, беше ограбена седумдесет и две годишната Д.В од Велес. Околу 10:50 часот, едно лице и го одземало новчаникот во којшто имало пари, кредитни картички и лични документи.
Дума.мк испрати новинарски прашања до СВР Велес во кој прашаше дали планира да испрати во редовна контрола позорникари на „Свети Пантелејмон“ за време на викендите кога фрекфенцијата на граѓани е голема. Оттаму одговорија дека континуирано и на дневна основа, а не само за викенди, со патроли се прикива подрачјето на црквата. Но, во неделата, кога жената беше ограбена полициска патрола на „Свети Пантелејмон“ немаше.
Ограбената жена случајот го пријави од лице место во полициска станица Велес, од каде пак и рекоа дека е потребно лично да дојде во просториите на станицата за да даде изјава за украдениот новчаник со пари, кредитни картички и лични документи.
Исто така, во петокот, на 28 април, околу 16:00 часот, жена беше ограбена на Мало мовче, кога напаѓачот со употреба на сила успеал да и го скине златното ланче од вратот и со него да избега. Од СВР Велес информираат дека четириесет и две годишниот С.Д бил лишен од слобода и задржан во полициска станица Велес, а ланчето било вратено на сопственичката.
Убавка Јаневска