Сами се оддалечија и сами се вратија дома двете братчиња од Велес
Во рок од 24 часа се вратија дома двете братчиња на возраст од четири и осум години, чии родител ги пријави во полициска станица Велес за оддалечени од домот. Според полицијата причина за тоа што децата излегле без да им кажат на родителите од домот биле нивното заигрување и преноќување кај другарче дома.
-Таткото на двете момчиња вчеравечер околу 20:00 часот се јави во полиција за да соопшти дека двете деца се вратиле дома и му објасниле на таткото дека се заиграле а потоа и дека преноќиле кај другарче, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Ова не било прво оддалечување од домот на двете братчиња. Двете деца тоа знаеле да го направат и претходно уште во неколку наврати. Последното оддалечување од нивниот дом, се случило во неделата вечерта, некаде околу 20:00 часот, додека таткото открил дека ги нема рано утрината во 03:30 часот, тој тогаш пријавил во полициската станица Велес, додека за нивното враќање дома на полицијата и соопштил вчеравечер околу 20:00 часот.
Стефани Манева