Се намалува бројот на ковид болни во велешка болница, денеска вкупно 27 пациенти

Објавено на 4 декември, 2021 во 14:41
Фото: Дума.мк

На двете одделенија, Инфективно и делот Б на Интерно, во изминативе 24 часа од „ковид-19“ се лекуваат вкупно 27 пациенти. Од нив само четворица се лекуваат на Интерно одделение додека останатите се згрижени на Инфективно.

На кислородна поддршка се 11 болни.

-Позитивни на коронавирус се 19 пациенти додека еден не е потврден. Исто така има и четворица негативни лежечки болни на кои им е потребна здравствена нега и грижа. Од Модуларна болница на Инфективно одделение пренесени се вкупно девест пациенти, соопшти портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова.

Денеска од болничко лекување се испишани четворица пациенти.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License