Се пошумуваше површина од 23 хектари околу Езеро Младост, активност од големата акција „Ајде да пошумуваме заедно“
Продолжува големата акција за пошумување насловена „Ајде да пошумуваме заедно“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство којашто има за цел да бидат пошумувани повеќе од 400 хектари со 1.200.000 садници во 19 региони и 36 локазии низ државата.
Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со министерката за животна средина Каја Шукова, како и претставници на ЈП „Национални шуми“, здружението „Мен енд Маунтен“ и општествено одговорни компании денеска на локација во близина на езеро Младост ја продолжија акцијата, поточно пошумуваа 23 хектари со садници на багрем, јавор и јасен.
–Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство, а тоа се шумите. Преку оваа голема акција заедно со нашите партнери, општествено одговорните компании и граѓански здруженија, засадуваме 1.200.000 садници, пошумувајќи површина од над 400 хектари. Заедно го збогатуваме шумскиот фонд на државата, за нас, нашите деца да имаат здрава иднина“, истакна министерот Николовски.
Големата акција ќе биде поделена во два дела. Првиот се реалираше во месец ноември и декември преку програма за проширена репродукција.
-Започнавме на 10 ноември со пошумување на површина од 96 хектари во Делчево на локацијата Стар Истевник. Потоа продолживме во Берово со пошумување на површина од 51 хекатар на локацијата Будинарски рид. Денеска продолживме во Велес, а продолжуваме со пошумување на локацијата Кокино во Куманово со пошумување на површина од 61 хектар.На овие локации, во првиот дел од акцијата за пошумување, заедно со нашите партнери пошумуваме површина од 241 хектар, со засадување на над 580.000 садници. Токму на овие локации, кон акцијата, активно се приклучија учениците од средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов“, потоа Сојузот на извидници на Македонија, здружението Менендмаунтаин, општествено одговорните компании кои покрај со своето учество во оваа акција донираа садници и опрема, додаваат од МЗШВ.
Акцијата „Ајде да пошумуваме заедно“ започна да се реализира во месец ноември и ќе трае до 31 март, 2024 година.
Стефани Манева