Се запалил автомобил, на автопатот Велес-Скопје, пожарот го изгаснале велешките пожарникари

Објавено на 6 ноември, 2024 во 09:40

Патничкото моторно возило се запалило на автопатот Велес – Скопје, вчера попладне, за коешто во Територијалната против пожарна единица Велес дојава стигнала во 17:05 часот. Четворица пожарникари со едно против пожарно возило веднаш се упатиле на местото на пожарот. Брзото пристигнување и брзата интервенција овозможиле пожарот во возилото да биде изгаснат. Исто така пожарникарите спречиле огнот да се префрли на сувата трева и блиската шума покрај автопатот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.