Се запалил оџак во угостителски објект во Велес
Објавено на 23 април, 2024 во 11:07
Центарот за управување со кризи во денешното соопштение пишува дека од РЦУК Велес било пријавено за настанат пожар од запален оџак во локален угостителски објект по што на лице место излегле велешките пожарникари и пожарот го гаснеле еден час.
Од ТППЕ Велес објаснуваат дека во 08:03 часот примиле дојава за настанат пожар во угосистелски објект по што пет пожарникари со две против пожарни возила пристигнале на местото и веднаш пристапиле кон гаснење на пожарот кој бил во развиена фаза.
-Благодарение на брзото пристигнување и пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено пожарот да се прошири и да направи поголема штета, велат од ТППЕ Велес.
Инаку од ЦУК заедно со пожарникарите апелираат оџаците редовно да се чистат.
Дума.мк