Се запалила кола на автопатот Велес – Градско, интервенирале велешките пожарникари

Објавено на 8 јули, 2024 во 11:19

Велешките пожарникари вчера, во 19:53 часот добиле повик дека на автопатот Велес – Градско, во близина на „Дади компани“ било запалено патничко моторно возило.

Со едно противпожарно возило тројца пожарникари веднаш се упатиле кон местото и со брзото пристигнување но и брзата интервенција возилото било изгаснато.

Од ТППЕ Велес апелираат доколку забележите пожар веднаш да се јавите на бесплатниот телефонски број 193 или 112.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.