Семафорите во Велес не работат повеќе од еден месец – се чека одлука од Советот за нивна замена

Објавено: 18 јули, 2025, во 11:00 часот

Единствените семафори на фреквентната раскрсница во Велес се надвор од функција веќе повеќе од еден месец, што предизвикува реакции кај граѓаните. Пешаците и возачите секојдневно реагираат поради зголемениот ризик и нарушената безбедност во сообраќајот.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, информираше дека постојните семафори се поставени пред околу дваесет години и дека работат со застарена технологија, за која повеќе не постојат резервни делови.

Од Кабинетот на градоначалникот додадоа дека во предлог-измените на Програмата за ребаланс на буџетот на Општината се предвидени средства за набавка на нови семафори. Точката е веќе ставена на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Велес, која ќе се одржи во понеделник, на 21 јули.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.