Семејството Етовски донатори и во Центар за лица со попречености во населба Чашка
Од кревет на електрично подигање и спуштање и подвижна количка на електричен погон се состои најновата донација на семејството на Ердован Етоски Еки наменета за Центарот за лица со попречености во Чашка.
-Тоа се две вредни работи, поточно дел од мебел и помагало кои што ќе им го олеснат престојот на корисниците на нашиот центар, рекоа вработени во центарот во Чашка.
Деновиве донаторот ја купи и донесе донацијата. Семејството Етовски ја предаде директно без тоа да го сподели со јавноста затоа што како и при другите донации кои што ги имаат обезбедено за институции, семејства, фудбалски клубови тие имаат пракса да не се експонираат во јавност.
Гестот го поздравија повеќемина жители на населбата кои сметаат дека овој гест може да биде поттик за други општествено одговорни фирми или пак поединци кои се препознатливи по помошти за оваа ранлива категорија на граѓани. Дел од нив ги испратија фотографиите во знак на благодарност кон донаторот.
Семејството Етовски, од село Мелница, живее и работи во Швајцарија. Тие се хуманисти кои несебично одвојуваат средства како дел од семејниот месечен буџет за помош на оние на кои им е најнеопходна.
Убавка Јаневска