Семејството на исчезнатиот велешанец Панче Жежовски во исчекување на информации, полициската потрага се уште трае
Нема нови моменти во истрагата што полицијата ја води од изминатиот петок кога во Сектор за внатрешни работи Велес беше пријавено исчезнувањето на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски. Нему му се губи трагата на 24 ноември, годинава, кога за последен пат излегол од домот со лично возило марка „цитроен“ со велешки регистарски таблички коешто три дена потоа беше пронајдено целосно опожарено во скопското село Бразда.
Семејството е во очекување на било каква нова информација поврзана со Жежовски за што е споделена фотографијата од Панче и во исто време ги моли граѓаните доколку го забележат, препознаат, да ги контактираат нив на телефонските броеви 078 446 222 и 078 324 291 или најблиската полициска станица, рече ќерката Македонка.
Убавка Јаневска