Сообраќајна незгода на улица „Асном“ во Велес, моторциклист се здобил со потешки повреди
Во Полициска станица во Велес, вчера, во 10:25 часот било пријавено дека на улица „АСНОМ“, пред влез на пералница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, управувано од М.А.(32) од Битола и мотоцикл „венџи“, управуван од Д.Д.(61) од Велес. Двете возила имале велешки регистарски ознаки.
– Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
-На повредениот моторциклист издадени му се здравствени услуги, направена Компјутерска томографија и комплетна Радиодијагностика на колено и подколеница по што констатирана е потешка повреда, поточно скршеница на колено и потколеница, соопшти Марина Андова портпаролка на Општа болница Велес.
Повредениот моторциклист задржан е на Оддел за ортопедија и трауматологија во Општа болница Велес за понатамошен медицински третман.
Убавка Јаневска