Совет на Општина Велес: „Кепс моунт груп“ да остане концесионер на велешка депонија со троска но да работи според условите на Б интегрираната еколошка дозвола како од пред четири години
„Ги овластуваме градоначалникот Марко Колев и општинската администрација да поведат постапка со превземање на сите правни дејствија против фирмата „Кепс моунт груп“ ДООЕЛ Скопје за непочитување на издадената Б – интегрирана еколошка дозвола издадена во 2019 година и не превземените обврски пропишани во дозволата за ископ, сеење, утовар и транспорт на троската од топилничарската депонија“, гласи предлогот на советничката група на СДСМ со коалиционите партнери во Советот на Општина Велес пренесен од Пандорка Прличкова за да влезе во изградениот заеднички заклучок на вчерашната 46 седница.
Предлогот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ со коалициските партнери предложен од Весна Атанасовска гласи „Се повикуваме на член 43 од Уставот во кој се вели дека секој човек има право на живот во здрава животна средина, секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува улови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина и оттука бараме повторно да се разгледаат сите доковори потпишани со Кепс моунд како Договори за пренос на концесија, за експлоатација со Влада со Министерство за животна средина и просторно планирање и со Министерство за економија“. Заедничкиот заклучок го поддржа и советничката група на Левица.
Членовите на Советот, претходно, скоро еден час учествуваа во дебата во разменија по некое обвинување за купување на политички поени од граѓаните. Ссоветничката група на опозициската СДСМ остана на ставот дека било избрано најдоброто решение со издавањето на првата Б интегрирана еколошка дозвола во 2019 година на концесионерот на топилничарската депонија, препорача вработување на општински Инспектор за заштита на животна средина додека советничката група на ВМРО ДПМНЕ дека направени биле грешки уште во почетокот на постапката за избор на концесионер за што вина требало да сносат владата и министерствата за економија и за заштита на животна средина и просторно планирање.
Внимание исто така предизвика и еден од трите предлози на советникот Игор Смилев за решавање на проблемот со топилничарската дислокација во Велес од страна на државата која со вложување од 200 милиони евра би можела да го реши сериозниот еколошки и здравствен проблем на Велешани, по примерот со линданот во Охис.
Според дискусиите на членовите на советот, на вчерашната седница, преовладуваше мислењето дека актуелниот концесионер на топилничарската депонија, „Кепс моунт груп“ ДООЕЛ Скопје не треба да се доведе во ситуација да се откаже туку да продолжи со работа којашто нема да предизвикува ново загадување на Велешани и на животната средина во градот. Поточно да ги реализира обврските кои произлегуваат од првата Б интегрирана дозвола, издадена во 2019 година, со процеси на ископ, сеење,утовар и транспорт на троската.
Убавка Јаневска