Српски автомобил излетал од патот кај Неготино, меѓу повредените и две малолетни деца

Објавено на 27 јуни, 2023 во 13:41
Фото: Архива на Дума.мк

Патничко возило „рено“ со српски национални ознаки управувано од триесет и пет годишниот Д.Б од Република Србија, вчера наутро, на автопатот Неготино – Демир Капија, во близина на ТЕЦ Неготино, излеталот надвор од коловозот.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобиле една година помладата сопатничка Л.Б и едно малолетно дете, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште едно малолетно дете, сите државјани на Република Србија. Повредите на пациентите им биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Министерство за внатрешни работи соопшти дека извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License