СВР Велес: Физички нападнат велешанец, групна тепачка во Демир Капија, син ја вознемирувал својата мајка во Неготино
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, 29 август, биле пријавени физички напад во Велес, групна тепачка во Неготино и вознемирување и агресивно однесување на син кон мајка во Неготино.
Тепачката во Велес била пријавена од страна на осумнаесет годишниот Д.М од Велес кој во полициска станица пријавил дека околу 18:10 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес бил физички нападнат од девет години повозрасниот А.Р и М.Р двајцата од Велес.
Во ОВР Неготино, еден саат по полноќ, било пријавено дека пред угостителски објект во Демир Капија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.С.(26), Л.Л.(20), Т.В.(26), Ѓ.С.(28) и 17 – годишник, сите од Демир Капија, од една страна и Р.П.(33), В.М.(46), двајцата од Демир Капија, од друга страна.
Ноќеска, поточно на 30 август, во 04:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.П од Неготино. Тој во дворот од семејната куќа во Неготино се однесувал агресивно и ја вознемирувал својата мајка и бил приведен во полициска станица.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев додава дека се работи на расчистување на случаите и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева