СВР Велес ги едуцираше кавадаречките средношколци за опасноста и последиците од незаконската употреба на петарди

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со медицински лица, вчера, во средното општинско училиште „Добри Даскалов“ во Кавадарци, за средношколците реализираа едукативно предавање на тема „Петарди НЕ- Безбедност пред СЀ “.
-Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. На учениците, преку низа практични примери и искуства им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволеното поседување и употребување на пиротехнички средства и петарди, образложуваат од Министерство за внатрешни работи.
Оваа превентивна активност на СВР Велес се реализира во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје.
Дума.мк
