СВР Велес: Велешанец се заканувал на роднини, кавадарчанка физички нападната

Објавено на 30 мај, 2023 во 12:29

Седумдесет и две годишниот Т.Н од Велес, вчера, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил лишен од слобода, оти во семејната куќа, упатил закани кон братучед и внук.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дела по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така додаваат дека во Полициска станица Кавадарци, педесет и пет годишната Д.М пријавила дека на улица „Дешка Тошева“ била физички нападната од 42 В.Т. Се работи на расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.