Тепачка во Неготино помеѓу шест лица
Објавено на 10 август, 2021 во 12:55
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дела во Полициска станица Неготино, вчера во 14:30 часот било пријавено дека на плоштадот во Неготино е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
-Во тепачката учествувале С.Д (47), З.Д (49), Џ.К (29) И С.К (39) од една страна и Д.Р (38) и Ј.Д(54) од друга страна, сите од село Пепелиште, неготинско, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева