Тешко повредена жена во сообраќајна незгода кај клучката Градско, пренесена во Скопје

Објавено на 17 август, 2022 во 12:43

Жена на педесет и три годишна возраст од Валандово била тешко повредена во сообраќајна незгода којашто се случила вчера на автопатот Скопје- Неготино кај клучката Градско. Таа била итно пренесена во Општа болница Велес кадешто и биле констатирани тешки телесни повреди.

-Примена е жена на 53 годишна возраст повредена во сообраќајна незгода како итен случај. Таа се здобила со скршеници на повеќе места и беше во бессознание. Веднаш беше реанимирана и префрлена на Ургетен во Скопје, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

Од Сектор за внатрешни работи Велес ифнормираат дека незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(53) од Валандово и товарно моторно возило „рено“, со полски национални ознаки управувано од З.Р.(49) од Полска. Истата во полициска станица била пријавена во 19:20 часот.

Исто така, извршен бил увид од увидна екипа од Јавен обвинител и увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.