Три пожари во еден ден гаснеле светиниколските пожарникари

Објавено на 2 јули, 2025 во 12:42

Светиниколските пожарникари вчера гаснеле три пожари на територијата на општината.

Првиот пожар избил во 09:00 часот во кругот на Акционерското друштво „БИМ“ каде се запалиле трска и ниска вегетација. Таму пожарникарите интервенирале со 2 против пожарни возила и со 1 теренско возило. Три часа подоцна се случила втората интервенција над запалена трева во близина на објекти кај „Агровита“ со едно против пожарно возило. Пожарникарите во 15:45 часот ја имале и третата интервенција во близина на село Црнилиште. Овој пожар бил гаснет со 1 против пожарно возило и 2 теренски возила на ТППЕ Свети Николе, со 1 теренско возило на Шумско стопанство Свети Николе и дваесетина граѓани кои доброволно се вклучиле со сопствена земјоделска механизација за да го стават под контрола и изгаснат огнот на запалено неожнеано жито и стрниште.

Од ТППЕ Свети Николе апелираат до граѓаните да не се пали оган на отворен простор.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.