Триесет дневен притвор за кавадарчанец којшто извршил полов напад врз својата малолетна сестра и се оддалечил од домот
Основното јавно обвинителство од Кавадарци ја прифати пријавата на полициската станица во Кавадарци против деветнаесет годишниот В.Ѓ од село Дреново, осомничен за обљуба на својата малолетна сестра. Според полицијата обљубата се случи лани, на 22 декември, за што Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за осомничениот кој сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Притворот на осомничениот му е одреден затоа што тој се оддалечил од својот дом.
Основното јавно обвинителство Кавадарци соопшти дека В.Ѓ е осомничен поради тоа што искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Стефани Манева