Триесет годишен демиркапиец нападнал девојка а потоа се тепал со уште двајца мажи

Објавено на 13 јули, 2021 во 15:21

Дваесет годишна демиркапијка, рано утрово поточно два часот по полноќ, физички била нападната од 10 години постар маж. Мажот по физичкиот напад се втурнал и во тепачка со други двајца мажи.

Според потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, нападот и тепачката се пријавени во полициска станица Неготино.

– Р.П.(20) од Демир Капија пријавила дека околу 02.00 часот, на место викано „Дошница“, била физички нападната од Д.П.(30), а по кратко време на истото место настанала и физичка пресметка помеѓу него и С.Д.(24) и О.Б.(21), од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Додевски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.