Учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“ стекнуваат нови вештини (Фото и Аудио)
Учениците ги совладаа првите добри практики за поставување и уредување на масите на коишто добиваат оброк, стекнаа навика да користат комплетен прибор за храна, се обидоа да ја подготват и првата храна што посакуваат да ја јадат и ги засадија првите зеленчуци во саксии и во пластеник во дворот на Основното уличиште ресурсен центар „Маца Овчарова“ во Велес. Сите овие резултати се постигнати во рамките на проектот „Модернизација на образованието на учениците со попреченост“ што како дел од програмата Еразмус+ се реализираше по посетата на рехабилиторите и едукаторите од ОУРЦ „Маца Овчарова“ од Велес во градот Повоа де Варзим во Република Португалија.
За стекнатите искуства и добрите практики на Институцијата „Мапади“, едукаторката и рехабилитаторка Весна Басаров, вели:
-Окупациона терапија претставува активности поврзани со вештини на живеење соред можностите на учениците, согласно нивната попреченост. Пред се задоволството кај децата е на многу големо ниво, поради покажување на сопствените можности во поглед на практична настава и практична работа во училиштето. Учениците веќе сами засадуваат растенија во саксии, на овој начин ние го продолжуваме проектот Зелените детски градини, коишто претходната година го реализиравме заедничкии со фондација „Фокус“ . Годинава поттикнати од праксата којашто ја добивме од училиштето во Португалија, од почетокот на учебната година, учениците ги ангажиравме и во зелената детска градина и во засадување во саксиите внатре во училниците, додаде Басаров.
Вака организираното слободно време на 12 интернатски и останатите 38 ученици на ова училиште и постигнатите првични резултати е веќе забележано и од родителите како и од претставниците на невладината организација „Порака“.
Стефани Манева