Учениците од ООУ„Кирил и Методиј“ се едуцираа за штетните ефекти од цигари, алкохол и дрога
Објавено на 23 февруари, 2024 во 13:36
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/424974678_792550482900021_2067626396586042549_n-1024x478.jpg)
Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ беа дел од едукативна работилница за превенциј од болести на зависност организирана од страна на велешки Црвен крст во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес.
-Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со штетните ефекти кои ги има употребата на цигари, алкохол и дрога. Преку проактивен пристап да се укаже на лошите страни кај овие појави и да се влије кај младите да не дојдат во искушение да бидат подложни на болести на зависност, соопштија од Црвен крст – Општинска организација Велес.
Оттаму додадоа дека биле организирани три работилници на коишто присутни биле сите деветто одделенци од училиштето.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)