Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ беа дел од едукативна работилница за правилно користење на здрава храна
Со едукација за здрав начин на исхрана и здрав начин на живот, денеска, средното стручно училиште „Коле Неделковски“ и Технолошко – техничкиот факултет од Велес ја започнаа меѓусебната соработка.
Профеосрката Кристина Пачукова од средното училиште, на самиот почеток пред присутните ученици рече дека оваа едукација е посветена на патронот на училиштето и прочита неколку моќни пораки за здрава исхрана.
Обуката со учениците ја одржа проф д-р Даниела Николова Неделковска од Технолошко техничкиот факултет во Велес, којашто рече дека ова едукативно предавање има за цел учениците да научат кои се основите за добро балансиран оброк којшто треба да придонесе за подобрување на општото здравје.
Инаку, средното стручно училиште „Коле Неделковски“ и Технолошко – техничкиот факултет неодамна склучија меморандум за соработка, за што деканката на факултетот проф. д-р Татјана Калеска рече дека претставува продлабочување на соработката помеѓу високо образовната институција со училиштето.
На денешната едукација присутни беа учениците од угостителската струка како и ученици од останатите профили.
Стефани Манева