Украдени три коњи кои биле ангажирани за учество на Илинденски марш, еден пронајден кај кавадарчанец

Објавено на 26 јули, 2024 во 14:44

Кај четириесет и четири годишниот И.В бил пронајден и одземен еден коњ за кој претходно во полициска станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден заедно со уште два коњи кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера, во 08:20 часот го пронашле и одземале едниот коњ од кавадарчанецот по што на ливада во близина на улица „Клинска“ во градот ги пронашле и другите два коња кои биле вратени на сопственикот.

По документирање на настанот против И.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.