Вчкова: Сеуште активен е пожарот на територијата на Општина Велес
Објавено: 16 јули, 2025, во 14:50 часот
Сеуште активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што гори мешана шума. Во гаснењето учествуваат пинц гауери, два Ер трактори и припадници на АРМ. Пожарот е еден од вкупно трите денеска активни пожари во Македонија.
Во име на Главен штаб за управување со кризи изјава за денешната состојба со пожарите даде Надица Вчкова.
Убавка Јаневска


