И приватните амбуланти се бизнис, лекарите бараат да ги задржат и по пензионирање

Објавено на 19 ноември, 2012 во 21:10

Приватните лекари се противат на тоа кога одат в пензија да се затвори и ординацијата со која раководат.

Сметаат дека тимот кој го создавале со години, треба да продолжи да работи и по пензионирањето на основачот на амбулантата. Според нив неправедно е  докторите да инвестираат во опрема и луѓе, а се да згасне откако ќе прекинат со работа.

 

„Имаме пример во кој доктор од Велес и покрај срцевите проблеми и потребата од пензионирање сеуште работи оти во спротивно, ординацијата ќе мора да ја затвори а со тоа без работа да останат уште двајца доктори и две сестри. Пет илјади пациенти пак кои ги имаат ќе останат без нивните матични лекари“ вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија.

Поради ова здружението поднесе иницијатива за измена на законот за здравствена заштита. Во неа бара да се дозволи амбулантите да бидат носители на концесиите, а не како до сега еден од лекарите. Со ова кој и да отиде в пензија ќе го замени друг доктор од истата амбуланта.

„И амбулантите се бизнис, не може тој да пропадне доколку нивните први луѓе отидат в пензија или пак починат. Мора да се дозволи бизнисот да го работи друг лекар“, вели Чолакова. Дервишова.

Засега има неколку случаи во земјава во кои поради сегашниот закон е ставен клуч на приватни ординации, па дури цели села останале без лекар. Измените на законот здружението ги достави до министерството за здравство и очекува тоа да ги прифати и поднесе пред пратениците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.