Инциденти во велешкиот наркоцентар, од болницата бараат негова дислокација
Караници, тепачкии вооружени пресметки се секојдневие во дневниот центар за метадонски терапии во Велес. Зависниците кои доаѓаат тука честопати се агресивни па поради ова болницата ангажираше и обезбедување кое ја намали, но не ја спречи опасноста од инциденти.
„Ова е еден голем проблем за велешката болница поради тоа што еден ваков центар е сместен во неа. Се надевам дека наскоро ќе се изврши негова дислокација заради тоа што не само што ни смета нас како на персонал, туку смета и на пациентите, на посетата и на сите граѓани кои доаѓаат во болницата“, вели Атанас Василев, директор на ЈЗУ Велес.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=q9tB6IAYgn0&feature=g-crec-u{/youtube}
Опасно е и за учениците од основното училиште „Блаже Конески“, а кое се наоѓа веднаш до центарот велат од болницата. И родителите реагирале откако зачестиле инцидентите пред очите на децата, а школскиот двор прераснал во отпад за игли и шприцеви. И покрај додатниот трошок советот на родители заедно со поранешниот ве – де директор одлучил да се плаќаат чувари за да ги вардат децата.
„Ситуацијата е многу променета откако дојде обезбедувањето бидејќи во текот на денот не можат да дојдат во училиштето и во неговото опкружување, меѓутоа ситуацијата е иста во текот на ноќта. Зад училишната сала има места каде можат да се сокријат и таму пронаоѓами шприцеви и друга општема што ја користат“, вели Сашко Андреевски, ве – де директор на ОУ „Блаже Конески“
Поради ова раководството на болницата сега ја оживува старата идеја центарот да работи во зградата каде е сместено пасошкото одделние на СВР Велес, а чиj сопственик е Општина Велес.Сепак засега нема никаква реакција од локалните власти.
Инаку 60 – тина пациенти редовно го посетуваат метадонскиот центар каде секојдневно земаат терапија за лечење од зависноста. Отворен е пред речиси година и пол и има за цел да го намали бројот на нарко зависниици кои во градот официјално изнесува околу 350, а неофицијално се движи и до илјада.
