Само медицинските лица и Црвениот крст покажаа внимание кон старите сограѓани!
Совети за здрава исхрана, мерење на крвен притисок и на шеќер во крвта добија пензионерите од Кавадарци. Во неделата кога се одбележува грижата за стари лица внимание им посвети Црвениот крст. Овие граѓани се задоволни од животот особено кога кон нив државата покажува интерес. Затоа повторно побараа наместо само една недела во годината ним постојано да им се помага.
“Ми го измерија притисокот. Добар е. Редовно ги пијам препишаните лекови и сама се грижам за своето здравје. Ние постарите повеќе се грижиме за сопственото здравје, отколку младите. Исто лекарот денеска ми рече дека и шеќерот ми е во дозволена граница. Целосно ги почитувам советите кои ни ги дадоа за здрава исхрана“ ни рече тетка Марија која сама дојде во просториите на Црвен крст за да го исконтролира сопственото здравје.
И кавадарчанецот Ристо, пензионер подолги години, ја нагласи потребата од редовно контролирање на здравјето.
“Внимавам на храната. Ги почитувам советите од лекарите да внесувам повеќе овошје и зеленчук,но откако шеќерот ми се покачи па научив да практикувам здрава исхрана.“
За денешната акција беа обезбедни 50 игли и ленти за мерење на шеќер во крвта. Но, денеска, кога барем еднаш во годината на старите и изнемоштени лица треба да им се покаже внимание со нив беа само членовите на хуманитарната организација и медицинскот персонал.