Видео: Уапсен велешки наркодилер!
Велешанецот Г.К. осомничен дека бил еден од главните организатори на шверц со хероин на релацијата Македонија – западна Европа е уапсен вчера од полицијата.
Тој се обидел да бега кога полициските службеници дошле во неговиот дом со намера да го приведат. Обидот не бил успешен за Г.К. Тој бил фатен. При претресот биле пронајдени докази за негова инволвираност во транспорт на хероин од Македонија кон земјите од западна Европа.
На осомничениот, од страна на истражен судија од Основен Суд Скопје 1 Скопје му е одреден триесетдневен притвор.
Претходно, на 3 ноември годинава, Одделот за недозволена трговија со дрога заплени половина килограм хероин на граничниот премин Табановце, на излез од Македонија. Дрогата беше пронајдена во ранецот на 22 годишниот штипјанец К.А.
Истрагата утврдила дека организатор на транспортот на хероинот е токму велешанецот Г.К. кој го ангажирал К.А. и непосредно пред да тргне на пат му го предал ранецот во кој бил сокриен хероинот. Дрогата требало да биде транспортирана кон Австрија.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=Jv-BtMMjrDs{/youtube}