Маснотии и пена се излеаја во Вардар кај Велес!
Еколошкиот инцидент го пријавија рибарите, инспекциите ќе анализираат кој е виновен и дали е опасен за животот во реката.
Одвратна смрдеа и мрсана материја измешани со пена што се излеваа во Вардар ги алармираше велешките рибари. Раскажуваат дека ги забележале долу по течението на реката после Велес, но трагот го одвел неколку километри погоре, кај градскиот парк.
„Утрово околу 6.15 часот, од под фабриката Крзнара, забелеѓав бели дамки и миризба, се упатив нагоре и дури кај индустриската зона кај Дервен го најдов изворот. Земав прмероци и ги чувам шишињата кај мене за проверка“, вели Шевкет Маслеш, рибочувар.
Траги од маснотијата можеа да се забележат и во градот. Спортските риболовци раскажуваат дека слично на ова еколошки инцидент се случил и пред три недели.
„Пред некое време се порибуваше, со ова сега што се случува се уништува се. Ама нема каде да одиме каде да ловиме, тука ни е најблизу. Не не остават фирмите, приватните фабрики, не знам кои се, но не не оставаат да ловиме. Надлежните органи сигурно знаат кои се и време е нешто да се стори, оти без казна овој народ не може да се научи на ред“, велат рибари.
Еколошкиот инспектор за Дума.мк потврди дека утврдил дека материјата се излева од цевка која поврзува неколку од кои се излеваат одпадни материи од повеќе индустриски капацитети. Се сомневаат на една од фабриките, па земале примероци и од таму и од реката, по што скопската лабораторија ќе утврди дали се совпаѓаат. Во меѓувреме спортското риболовно друштво апелира да се прекине со загадувањето на реката чии концесионер е токму тоа.
„Секојдневно го молиме сторителот иако претпсотавуваме кој е ќе почекаме надлежните институции да го откријат, ние го молиме да престане со ова злодело. Праксата е во вечерните часови, за вкенд да се случуваат вакви еколошки катастрофи“, вели Лазе Лазаревски , спортско риболовно друштво „Бабуна“.
Неодамна излегоа резултатите кој покажуваа дека после затворањето на големите фабрики, Вардар повеќе не е мртва река. Ова ги охрабри рибарите кои кај Велес го порибија со 12 илјади крапчиња. Сепак резултатите од испитувањата ќе покажат колку мрсната материја може да биде опасна за животот во реката и дали за ова некоја од фирмите ќе биде казнета./Б.Н.