„Офицерски“ седум месеци со катанец на врата!

Објавено на 24 февруари, 2013 во 13:41

Летната градина, на објектот кој се наоѓа на главната градска улица „Благој Ѓорев“, се полни со смет а ноќе е во целосен мрак.

Извршителите ставија катанец на влезната врата на Офицерски, од објектот се иссели закупецот –  фирмата „Снупи“ која работеше со ресторанскиот дел и глетката стана грда.

Вака сега изгледа ресторанскиот дел од објектот во кој до пред седум месеци велешани го пиеја утринското кафе, разговараа со пријателите, ручаа или вечераа.

И денеска повеќемина граѓани застанаа до ѕидот, од надворешната страна на дворот, набљудуваа и коментираа како објектот пропаѓа.

„Не треба да се дозволи да дојде во ситуација на целосно уништување. Со децении ова место беше најпосетувано во градот.„

„Кога навечер поминувам на главнава улица, и овде гледам мрак помислувам на центарот на градот, долу на плоштад Сармаале ја имаме истата глетка откако се затвори хотелот на Интернационал. Мрачно и пусто е навечер, таму и овде, а овој дел на Велес е строг центар,“ коментираа велешани.

Но, засега нема изгледи дека брзо може да се промени глетката во  „Офицерски“.

На објектот ќе има катанец се додека судот не ја расчисти состојбата помеѓу сопственикот, министерството за одбрана и поранешниот концесионер.

Потоа ќе биде донесена одлука што ќе се случува со Офицерски во Велес, одговорија од министерството на прашањето на Дума.мк „Дали објектот ќе го добие општината“?

Овој одговор на министерството е од времето кога негов министер беше Фатмир Бесими.

Последен што јавно соопшти дека штом судот ја расчисти состојбата со објектот тој ќе и биде понуден на општината беше Зоран Коњановски, во времето кога беше министер за одбрана.

Тогаш градоначалникот Горан Петров рече дека општината го бара „Офицерски„ но не на времено туку на трајно користење.

Дали ќе го добие сега ќе треба да одлучи минстерот за одбрана Талат Џафери се разбира откако ќе заврши судскиот процес./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.