Избркан судски доставувач од велешки суд!
Објавено на 18 април, 2013 во 09:47
Триесет и пет годишниот И.П доби отказ поради неуредно вршење на судска достава.
Бидејќи навреме не ги доставувал поканите во Основниот суд во Велес биле одложени повеќе рочишта.
Работата на судскиот доставувач интензивно била следена во изминатите три месеци откако лани, на крајот од годината, судската администрација се посомневала во неажурното извршување на работните задачи од страна на И.П.
При контрола, во ташната на судскиот доставувач биле пронајдени недоставени покани за закажани рочишта со изминат рок.
Тоа било причина да биде донесена одлука за спогодбено престанување на работниот однос што И.П го прифатил без приговор.
Информацијата ја потврди претседателот на Основниот суд во Велес, Јордан Лазаров./Б.Н