Емре Елмазов од денеска е поотпорен на заразни болести!
Децата кои не одат во училиште или не ги примиле редовните вакцини денеска беа дел од неделата за имунизација. Докторите велат дека тие најчесто доаѓаат од сиромашни семејства на необразовани родители па тоа е најчестата причина што ја пропуштиле вакцинацијата.
Шест годишниот Емре Елмазов храбро ја издржа болката од вакцината против заразни болести. Тој денеска беше дел од акцијата за имунизација на деца чии родители не ги пуштиле во училиште каде обично ја примаат оваа вакцина. Неговата мајка Азира Елмазва пак вели дека најголема желба и е децата да и се здрави и да не останат неписмени како неа. Но, Емре не е запишан во прво одделение бидејќи нема услови за тоа.
„Јас сакам тој да учи, но немам ниту алишта ниту чевли за него, а не можам да му купам ни училиштен прибор. Сакам тие да се описменат , но како кога немам можност да ги пуштам во училиште. Инаку до сега сите ги вакцинирав и знам колку е тоа корисно, но оваа вакцина ја Емре ја испушти оти не тргна во прво одделение“, рече Азира Емазова, мајка на Емре.
Токму лошата економска состојба на овие луѓе е најчестата причина поради која децата не одат на училиште и со тоа ги пропуштаат редовните вакцини потврдуваат и од патролната служба која денеска ја реализираше вакцинацијата. За три дена се вакцинирани 100 тина деца во Велес и велешко кои од најразлични причини не биле имунизирани, а од кои 25 се токму порди не одење во училиште.
„Најчесто се тоа деца од сиромашни семејства и не одат во училиште. Ние имаме списоци и по нив ги пронаоѓаме на терен, ги едуцираме родителите по што децата се вакцинираат. Инаку сметам дека е особено битно токму тие да се вакцинираат оти постојано се на улица и најчесто питаат и се подложни на многу заразни болести“, рече Пандели Божиков, началник на одделение за превенција.
Акцијата за вакцинирање е дел од европската недела за имунизација и според лекарите е многу корисно едукативно да се делува врз населението. Мајката на Емре пак знае дека здравјето е најбитно од се, но е самохрана и вели дека речиси целото време мора да пита за да може да се прехранат петте дечиња од кои најмалото е четири месечно бебе./Б.Н.