Отпадните води од Маслодајна го загадиле Вардар пред два месеци!
Ова го покажаа резултатите од испитувањата на маснотијата која се излеа во реката пред два месеци.
Маснотиите кои се излеаја пред два месеци во Вардар кај Велес се од фабриката за масло „Благој Ѓорев“. Ова го утврдиле анализите од примероците кои тогаш ги зема општинскиот еколошкиот инспектор. Од инспекторатот информираат дека не е прв пат да се излеат вакви загадувачки материи во реката од каналот кој поврзува неколку фабрики, но дури сега се откри сторителот.
„Сега се зафативме малку посриозно за да го откриеме причинителот, но и да испратиме јасна порака дека веќе не може така да се однесуваат загадувачите и да испуштаат загадувачки материи, било да се работи во воздух било да се работи во вода“, рече Билјана Шуркова Манаскова, еколошки инспектор во Општина Велес.
Раководството на маслодајна молчи за еко инцидентот кој се случи на 17 февруари годинава. И покрај напорите не добивме одговор зошто отпадните води од производството на маргарин и зејтин завршија во Вардар. Се огласија екологистите кои стравуваат дека ваквите еко инциденти се само предвесник на она што може да се случува во иднина. Бараат најсторга казна за сторителот и сметаат дека државата мора да делува превентивно за да не се уништува живиот свет во реката.
„Кога ги раскажуваме ваквите приказни кај нашите колеги ое Европа тие остануваат ужаснати и со неверување прашуваат дали е можно во 21 век еколозите од Македонија да реагираат за сечење дрва или пак за загадување на реки и отстранување маслени дамки од водата. За тоа сметам дека единствената работа што треба да се случи е да се спречи“, рече Игор Смилев, ЕГ Грин Пауер“
Се работи за најтежок прекрок од трета категорија па за тоа ќе се испрати до државниот инспекторат, а по тоа следи судска рарешница велат од општината. За него сторителот се соочува со парична казна до 70 илјади евра. Инаку Вардар кај Велес од неодаман е прогласен за чиста река, а рибарите токму за тоа во неколку наврати го порибуваа со повеќе видови риба. /Б.Н.