Со три авионски прскања општината ќе ги уништува комарците!

Објавено на 10 мај, 2013 во 10:17

Ова е планирано во програмата за здравствена заштита која се најде на денешната седница на општинскиот совет.

Наездата од комарци во Велес веќе ја чувствуваат граѓаните кои се жалат дека се повеќе големи комарци се појавија во нивните домови уште во овој пролетен период. Претпоставуваат дека тоа е поради високите летни температури кои го зафатија регионот. Општината планира овој проблем да го реши со помош на аеросолно прскање кое ќе го реализира во три наврати и би требало да помогне во уништувањето на комарците, но и другите инсекти кои можат да бидат опасни за здравјето и хигената на луѓето. Од програмата за здравствена заштита за оваа година, за прскање против инсекти ќе се потрошат 15 илјади евра. Но, освен ова и годинава општината планира само 5 илјади евра да потроши за згрижување на кучињата скитници, нивна вакцинација, идентификација, заловување и кастрација. Најголемиот дел од 100 илјади евра колку што е предвидено да се потроши за здравствената заштита на населението ќе бидат потрошени за здравствени прегледи на администрацијата и вработените во образовните институции и ова ќе одлее од буџетот 70 илјади евра. Инаку програмата се реализира со помош на Центарот за јавно здравје, а е по наредба на Државниот санитарен и здравствен инспекторат./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.