Куќен притвор за пироманката од Башино село
Истражен судија на Марија П. ( 46 год) и одреди мерка куќен притвор за да не го повтори делото откако полицијата ја осомничи и поднесе кривична пријава за ,,предизвикување на опасност“ поради обид да ја потпали влезната врата на Основниот суд во Велес.
Марија ќе седи дома и не ќе смее да излегува надвор се додека не стигне психијатриското вештачење кое на барање на судот го работат лекари. Дали жената е пресметлива или неурамнотежена личност е побарано да се утврди во еден од судските процеси кои проив неа се водат во судот.
И додека се чекаат наодите на вештите лица жената, во петокот наутро, се обиде да ја потпали влезната врата на велешкиот основен суд. Таму дошла околу 8.30 часот и од пластичното шише за сретство за миење садови испрскала бензин. Кога со запалката се обидела да ја запали вратата интервенирала судската полиција. Подоцна таа изјавила дека тоа го сторила во знак на револт и незадоволство од постапките што против неа се водат во судот.
Против Марија П. во велешкиот суд се водат неколку постапки за напад на вработени во ЕВН,кои доаѓале да и ја исклучат струјата во домот, за сечење и потпалување на дрвени столбови на ЕВН како и за потпалување на трафостаница во селото. Вака жената се обидувала да покаже револт за исклучената струја во домот./Б.Н