Ако не го тргнат газдите,дивопоставениот киоск кај Жани, ќе го тргне општината

Објавено: 6 август, 2013, во 15:43 часот

Инспекциските служби постапија, издадоа решение за дислокација на киоскот и сега се чека да истечат сите законски рокови во кои право на жалба имаат и сопствениците на диво поставениот киоск. Општината нема дилема дека станува збор за див објект поставен на локацијата до зградата на улицата „Благој Ѓорев“ бр 89. Градоначалникот уверува дека нема да издаде решение со кое сопствениците на овој објект ќе можат да се приклучат на електричната мрежа, да си обезбедат вода и одвод.

– Направивме тоа што треба. Инспекциските служби издадоа решение за дислокација, сопствениците се известени дека треба да го тргнат од  локацијата доколку тоа не го сторат во законскиот рок тогаш службите на општината ќе го тргнат а сопствениците ќе си ја платат услугата за дислокација на објектот, рече Чадиев.

Тој тврди дека постапката се одвива согласно законот и на сопствениците им е дадена можност за жалба. Штом истечат роковите инспекциските служби ќе треба да постапат и без пардон да го дислоцираат дивопоставениот објект./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.