Социјалците си купија огревно дрво
По пониска цена, 420 социјални семејства, веќе се снабдија со огревно дрво. Тие купија 2.157 метри должни дабови и 504 метри букови дрва. Во складот на ЈП Македонски шуми во градот досега се продадени вкупно 5.000 метри огревно дрво.
Шумското стопанство „Бабуна“ по повеќе години, летово, за првпат навреме ги обезбеди потребните количества. Огревното дрво е од планската сеча од планините Мукос, Јакупица, Кадиица и Лисец. Годинава не се чека како во минатите години кога огревните дрва во домовите на велешани стигнуваа по неколку месеци од уплатата.
Денеска во складот има над 2.000 метри должни дабови и букови огревни дрва. Метар кубен даб чини 2.453 денари додека буката продава за 2.370 денари. Во приватните складови цената е повисока за 400 до 600 денари.
Според планирањето уште 400 семејства, до почетокот на грејната сезона, ќе бидат снабдени со потребна колочина на огревно дрво. Дел од нив имале извршено уплати. За нив се планирани околу 3.000 метри должни огревно дрво. Годинава, ШС „Бабуна“ планира да ја заврши со продажба на над 8.000 метри должни дабови и букови дрва./Б.Н