Единаесет мигранти симнати од автобус во Велес
Ги открила полицијата по телефонска дојава на граѓанин од Градско. Сите биле државјани на Сирија кои илегално ја преминале грчко – македонската граница и патувале кон Скопје.
Сиријците, по полициската интервенција се однесени во станицата во Велес. Со нив работи инспектор за илегална миграција. По распитот ќе биде донесена одлука дали ќе бидат префрлени во регионалниот центар Југ од каде ќе чекаат да бидат депортирани во матичната држава или пак ќе бидат однесени само до македонска граница.
За еден месец ова е трета група на мигранти кои се откриени во Велес. За првпат се откриени на Сиријци додека во предходните две беа Пакистанци. И првата група на мигранти беше фатена на градската автобуска станица додека втората, нападната и ограбена, полицијата ја најде на патот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци./Б.Н