Откриен, предозиран наркозависник во возило на улица
Случаен минувач денеска открил младо лице кое било во безсознание во автомобил паркиран на улицата „Шишка“ во Кавадарци. Полицијата излегла на лице место и констатирала дека на улицата, во непосредна близина на болницата, има автомобил и во него младо момче во безсознание. Потоа било повикано возило на итна помош и непознатото лице било пренесено во болницата во Кавадарци. Од велешката полиција рекоа дека тој бил во неконтактибилна состојба.
Случајот е евидентиран и во брза помош од каде се сомневаат дека станува збор за регистриран наркозависник. Тие се сомневаат дека момчето било предозирано со дрога. Го пренеле во интерното одделение од каде по реанимацијата го преместиле на одделението за невропсихијатрија.
Се што можеше денеска да се дознае за момчето е дека најверојатно е на возраст од околу 25 години. Според регистрацијата на возилото во кое беше пронајден, најверојатно станува збор за Неготинец./А.Д