Полициските станици добија нови возила

Објавено: 1 октомври, 2013, во 15:30 часот

Со пет  возила „Шевролет Спарк“ е обновен возниот парк на полициската станица во Велес. Тие треба да ја олеснат секојдневната работа во извршувањето на активностите на подрачјето на градот и општината.

Возилата се целосно опремени со светлосна и звучна сигнализација и имаат вградено најсовремена  полициска опрема.

Секторот за внатрешни работи доби вкупно осум возила. Петте остануваат во Велес додека два „Шевролет Спарк“ ќе добие полициската станица во Кавадарци и едно возило станицата во Неготино.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.