Обдукцискиот наод ќе треба да ја расветли смртта на велешанката Д.Н
Објавено на 1 октомври, 2013 во 15:47
Од што починала триесет и петгодишната велешанка ќе се знае кога ќе биде готов обдукцискиот наод. Телото на младата жена е испратено на обдукција по наредба на истражен судија на велешкиот суд. Кога вчера била пронајдена како лежи пред влезот на зградата на улицата Андон Шурков, во близина на средното училиште „Коле Неделковски“, во населбата УЗУС на телото на жената немало траги на насилство.
Телото го забележал минувач кој повикал брза помош и полиција. На жената и била укажана прва помош а потоа и реанимација во велешката болница. Но обидите на лекарите на одделението за интензивна нега биле безуспешни и Д.Н починала./Б.Н