Се поправа железничкиот премин на Стар мост

Објавено: 2 октомври, 2013, во 14:49 часот

Се реконструира железничкиот премин на Стар мост. Реконструкцијата започна денеска и ќе трае до утре попладне. Тој пешачи премин е најфрекфентен и беше најуништен на железничката пруга Скопје – Гевгелија, која минува низ центарот на Велес. Поради санацијата на пешачкиот премин затворен за сообраќај е Стар мост. Сега целосната фрекфенција на сообраќај од левата кон десната страна на градот е пренасочена преку мостот Гемиџии.

Градежните работи чинат околу 250 илјади денари а парите се обезбедени од буџетот на општина Велес. Според најавите, штом заврши поправката на овој премин ќе се поправаат и останатите три во центарот на градот. Еден од нив е на мостот Гемиџии додека останатите два пешачки премини се наоѓаат во населбата Дворови. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.